Општи здравствени прегледи со можност за избор на матичен лекар.        Најразлични консултации, третмани и дијагностицирања. Издавање рецепти, специјалистички и болнички упати, боледувања, најразлични медицински потврди и друго.        Ампуларна терапија, инфузиона терапија, инхалации, кислород, инфрацрвено зрачење        со солукс лампа. Најразлични преврски, дезинфекции на рани и заштитни облози. Ушни прегледи со отоскоп и испиривања на уши.        Моментално испитување на шеќер во крвта, триглицериди и холестерол.        ЕХО дијагностика на абдоминални органи (црн дроб, жолчно кесе, жолчни патишта,        слезенка, панкреас, бубрези, бешика и простата). ЕХО дијагностика на дојка и тироидна жлезда.        ЕКГ за пратење и дијагностицирање на срцето - 12 канално со можност за пратење        на срцето подолго време (со специјален софтвер за таа намена) и издавање на резултати. Домашни посети, советувања, интервенции и итна помош по потреба за најразлична возраст. ВАЖНО !  БЕСПЛАТНИ ЕХО И ЕКГ ПРЕГЛЕДИ НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ СЕ СО НАЈРАЗЛИЧНА ВОЗРАСТ Комплетна лабораториска анализа - основна(со сини картони), сложени лабораториски анализи на крвта од широк спектар, брисеви, алерголошки тестови, разни други тестови и анализи. Приватната здравствена установа “Св.вмч.и целебник ПАНТЕЛЕЈМОН” - ординација по општа медицина Петровец, опремена е со современа медицинска опрема, што овозможува брзо и квалитетно дијагностицирање, анализа, третман и лекување. Покрај вработениот тим кој ги врши редовните медицински услуги на пациентите има постојана соработка со голем број доктори специјалисти од разни области од медицината, со кои ќе бидат овозможувани најразлични прегледи, консултации, интервенции, дијагностицирања и други услуги се во интерес на пациентот од најразлична возраст.