ИЗБЕРЕТЕ НЕ НАС ЗА МАТИЧЕН ЛЕКАР ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ... Приватната здравствена установа  “Свети Великомаченик и целебник ПАНТЕЛЕЈМОН” ординација по општа медицина , започна со работа од 1.септември 2008 година, а осветена на денот на празникот “Свети Пантелејмон” на 9.август истата година. Со задоволство на своите граѓани дадовме голем придонес во подобрување во квалитетот на здравствените услуги во Општина Петровец и регионот. Горди сме дека за овој краток период стекнавме доверба кај голем број на пациенти што ќе ни биде потик за нашето работење. Сместени смо во центарот на Петровец , лесно сме достапни и едноставно можете да не најдете. Нашиот лекарски тим е со вас и секогаш спремен да Ви излезе во пресрет брзо , професионално и стручно. Ординацијата е направена по современи стандарди во здравството. Располагаме со современа медицинска опрема за брзо , квалитетно и професионално дијагностицирање на нашите пациенти  покрај сите други услуги во општата медицина. Во овој период на постоење , остваруваме континуирана соработка со доктори и професори од најразлични специјалности од други здравствени установи и болници, а се во интерес на здравјето на нашите пациенти. Се јавуваме како организатори и учесници во бројни активности во здравствената заштита и пошироко, се со цел да го подобриме квалитетот на живеење во нашата заедница. Сега е многу едноставно!