“Страдалниче свети и лекаре Пантелејмоне , моли Го милостивиот Бог да ни дарува прошка на гревовите на нашите души.” Свети Великомаченик и целебник ПАНТЕЛЕЈМОН живеел за време на безбожниот цар Максимилијан  и пострадал маченички за Христа 305 година во градот Никодимија. Овој Христов страдалник , било младо и убаво момче , кој ја изучувал граматиката , филозофијата и посебно медицината од најдобриот царски лекар. Кога се родил му дале име Пантолеон што значи лав. Бог му подарил изобилна Божја благодет и дар за исцелување. Самиот тој чудотворно лечел со милоста што ја побарувал од Бога и природните лекови што самиот ги правел. Кога починал татко му , тој постанал наследник на огромниот богат имот што потоа го раздал на сиромасите и ги ослободил робовите. Ги посетувал сиромасите , болните , затворениците ги утешувал со збор ги лечел и од него добивале изобилство на милостиња. Направил безброј чуда со неговата исцелителна мисија како лекар (целебник) што не можеле другите лекари да излекуват. Господ го нарекол ПАНТЕЛЕЈМОН наместо Пантолеон што значи “семилостив”, одавајки му јавна благодат што семилостивиот ги примал сите , со своите маки и невољи. Покрај тоа што Пантелејмон е Светител , Великомаченик тој е и целебник (лекар) а воедно е и заштитник (ангел чувар) на лекарите  и нивните пациенти.