Нашата визија е создавање Стратегија на планирање, со што ќе се стремиме да се развие и постигне висок квалитет на здравствени услуги во заедницата.     Целта е да се приближиме од матичен лекар на домашен во кругот на семејствата со здравствена заштита на високо ниво , со развој и унапредување на медицинските услуги.     Побудување на граѓаните за превентивни прегледи и контроли што ќе ги нудиме, како предуслов за навремено лечење и дисциплиниран пристап за здравјето.     За нас тоа е континуиран процес што ќе го градиме на грижлив начин, со почитување на доверба и респект, со сите фундаментални морални вредности (етика, одговорност, посветеност, фокусирање кон пациентот, тимска работа и т.н.)     Нашата визија е и наша мисија, со што се трудиме потполно да ги задоволиме барањата на граѓаните за квалитетна, одговорна и достоинствена здравствена заштита. ГИ САКАМЕ СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ ДР СЛАВИЦА КОСТОСКА-ПЕШЕВСКА Доктор на медицина ИВАНА ВАСИЛЕВСКА Главна сестра НАШАТА ЗДРАВСТВЕНАТА УСТАНОВА Горди сме дека за овој краток период стекнавме доверба кај голем број на пациенти што ќе ни биде потик за нашето работење. СВ.ВМЧ. И ЦЕЛЕБНИК ПАНТЕЛЕЈМОН Покрај тоа што Пантелејмон е Светител, Великомаченик тој е и целебник (лекар), а воедно е и заштитник (ангел чувар) на лекарите и нивните пациенти.